Утрински Весник
Спорт

Карагер: Мило ми е што ПСЖ испадна, тоа не е тим, тоа е хаос

Карагер: Мило ми е што ПСЖ испадна, тоа не е тим, тоа е хаос

Џејми Карагер, легенда на Ливерпул со преку 700 настапи за славниот клуб, заедно со Кејт Абдо, Тиери Анри и Мика Ричардс, за Си-би-ес, го коментираше реванш натпреварот во Лигата на шампионите, Баерн-ПСЖ. Англичанецот беше многу суров кон спортската политика на ПСЖ и призна дека му е мило што „светците“ испаднаа од Лигата на шампионит.

dobivaj vesti na viber

„Искрено, воодушевен сум што ПСЖ испадна. Не ми се допаѓа начинот на кој тие се организирани, тоа не е тим, тоа е голем хаос. Во пет од седум сезони, тие беа елиминирани во осминафиналето, а трошат повеќе пари од кој било друг. Тие ги имаат најдобрите играчи во светот, поединци кои сите ги сакаме, но мило ми е што ова им се случи затоа што покажува колку е важен тимот. Тие не се тим и Килијан Мбапе мора да го напушти клубот“.

Карагер проговори и за Лионел Меси, чии договор со ПСЖ истекува по завршувањето на сезоната. Како сега стојат работите тој нема да потпише нов и веројатно ќе се пресели во МЛС, кај Дејвид Бекам во Интер Мајами.

„Мислам дека последен пат го гледавме Лионел Меси во Лигата на шампионите“.

Меси со Барселона освои четири ЛШ. Во најсилното европско натпреварување, 35. годишниот Аргентинец постигна 129 голови, 11 помалку од рекордерот Кристијано Роналдо.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност