Утрински Весник
Свет

Женско куче со три кученца е спасено во Турција 28 дена по разорниот земјотрес

Женско куче со три кученца е спасено во Турција 28 дена по разорниот земјотрес

Сопственикот на кучето Сила, двеиполгодишен доберман, се изненадил кога видел не едно туку четири кучиња како излегуваат од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, 28 дена по земјотресот.

dobivaj vesti na viber

Кадир Кејфли рече дека побарал од локалните спасувачи да му помогнат да го извлечат неговото куче од урнатините, но никој не можел да влезе.

„Мејако“, регионален тим за спасување животни, дошол на помош во понеделникот.

По неколкучасовна работа успеале да стигнат до подрумот каде што било заробено кучето Сила.

„Видоа дека таа не само што преживеа речиси еден месец, туку во меѓувреме роди и три кученца“, раскажува тој.

Кејфли вели дека Сила преживеала и се породила благодарение на големата кеса со храна за кучиња оставена во подрумот.

Сила и кучињата се пренесени на лекување во Адана.

Спасувачите рекоа дека е слаба, но може сама да се движи.

Земјотресите што ги погодија Турција и Сирија минатиот месец однесоа речиси 52.000 животи.

Можете да прочитате

Русија го снабдува Иран со сателитски снимки и технологија за беспилотни летала

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран