Утрински Весник
Свет

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно со закани кон САД: Подготвени сме за акција од големи размери

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно со закани кон САД: Подготвени сме за акција од големи размери

Ким Јо Јонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, денеска на државната телевизија објави дека нејзината земја е подготвена да преземе брза, голема акција против САД и Јужна Кореја во секое време.

dobivaj vesti na viber

„Демонстративните движења на армиите на САД и Јужна Кореја, како и нивната реторика, која е толку избезумена што повеќе не можеме да ја игнорираме, несомнено создаваат услови за Северна Кореја да преземе акција против нив“, рече Ким Јо Јонг.

Сестрата на Ким Џонг-ун не прецизира какви дејства може да преземе Пјонгјанг.

Со оваа изјава Ким Јо Јонг реагира на вчерашните заеднички воени вежби меѓу Вашингтон и Сеул, во кои беше вклучен и американскиот стратешки бомбардер „боинг Б-52“.

Во слични ситуации во минатото Северна Кореја најмногу реагира воено со тестирање интерконтинентални балистички ракети, кои секогаш завршуваа во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина