Утрински Весник
Македонија

(Видео) Запечатен локал и сметка останаа по двојното убиство во скопскиот локал

(Видео) Запечатен локал и сметка останаа по двојното убиство во скопскиот локал

Кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија во кое синоќа се случи двојното убиство, денес е затворено. До објектот, за разлика од синоќа, може да се пристапи. Отстранети се полициските ленти кои беа поставени за да се обезбеди местото. Денес нема полиција, а ги нема ниту сопствениците. Возилата кои беа паркирани пред локалот се тргнати од улицата. Единствено може можеше да се забележи дека утринава стигнала и пошта, по ковертот закачен на влезот.

dobivaj vesti na viber

Од институциите нема информација дали има некаква трага од вооружената група која вчера упадна во овој локал. Од Обвинителството соопштија само дека се собрани сите траги и докази кои ги оставиле петорицата кои го извршија вооружениот напад.

Синоќа кафулето беше заокружено со полиција. Блокирани со полициски возила беа пристапите до Старата чаршија и местото вриеше од полиција. Без малку во ист број со полицајците, во Старата чаршија до доцна во ноќта беа собрани граѓани од кои многумина се претставија дека се роднини и пријатели на убиените.

Пет лица во униформи синоќа влегоа во кафулето со наредба никој да не мрдне, убија двајца од гостите кои седеле во одвоена просторија и ранија еден.

„Макфакс“ објави детали за тоа како се случи двојното убиство.

Можете да прочитате

Лефков: Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев, само тој може да ги управува и мрежата на Сорос

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата