Утрински Весник
Свет

Се споделува вознемирувачко видео од стрелање на украински воен затвореник

Се споделува вознемирувачко видео од стрелање на украински воен затвореник

Денеска на социјалните мрежи се прошири видео на кое очигледно се гледа како руски војници пукаат во невооружен украински воен заробеник.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа како невооружен маж во украинска униформа пуши цигара и вели „Слава на Украина“.

Потоа кон невооружениот затвореник биле испукани голем број куршуми, а тој паднал на земја. Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го опиша видеото како „страшно“ и додаде дека тоа е нов доказ дека Русите водат „геноцидна војна“ во Украина.

Тој го повика Меѓународниот кривичен суд веднаш да започне истрага за ова пукање кое го нарече „воено злосторство“ и додаде дека „сторителите мора да се соочат со правдата“.

Можете да прочитате

Американски министер: Гренланд мора да биде дел од САД, Данска е небитна

Трамп тргна за Давос, ќе се обрати во 14.30 часот по европско време

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур