Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Мордриќ, нема немара да се повлче од националниот тим. Од претходно беше познато дека во јуни ќе натстапи на завршниот турнир во Лигата на нации, но тој ќе се најде на списокот за натпреварите со Велс и Турција, во квалификациите за ЕУРО 2024.
Се истакнува дека хрватскиот селектор Златко Далиќ му понудил да го одигра првиот натпревар, против Велс на 25.март и потоа да се врати во Мадрид, но Модриќ инсистирал да игра и три дена подоцна против Турција.
Ваквиот став на Модриќ се толкува дека би сакал да биде во тимот за ЕП, за кое Хвртаска допрва треба да избори место. Но исто така, ваквиот негов став може да значи и дека ќе замине од Реал. Шпанските медиуми, минатиот месец објавија дека фудбалерот треба да се пензионира од националниот тим доколку сака да добие нов договор.
Модриќ на неодамнешното Светско првенство во Катар со Хрватска освои бронза, а пред почетокот на Мундијалот најави дека ова натпреварување ќе му биде последно во репрезентацијата.
Досега за Хрватска има настапувано на седум големи натпреварувања, дебитираше на големите натпреварувања во Германија, на СП во 2006 година.
Настапуваше на Европските првенства во 2008, 2012 и 2016 година, како и на СП во 2014 и 2018 година.
Најголемиот успех го доживеа на Светското првенство во 2018 година, кога ја одведе Хрватска до финалето, каде загуби од Франција. Таа година беше прогласен за најдобар играч на светот.
Досега забележал 162 настапи за Хрватска, постигнал 23 гола.