Утрински Весник
Економија

После еден месец непрекината работа, РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

После еден месец непрекината работа, РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

После еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј. Поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола, овозможија исклучување на РЕК Осломеј со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата.

dobivaj vesti na viber

Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата.

Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk