СДСМ ги заштити граѓаните и не дозволи профитерство во време на криза. Мерката за замрзнување на цената на лебот на најмногу 33 денари и обврската за негово доставување даваат резултати, истакнуваат од СДСМ.
„Големите пекарници, кои два дена ја бојкотираа обврската, го доставуваат белиот леб од 450 грама во маркетите по цена од најмногу 33 денари. Се разгледуваат можностите и се прават калкулации за замрзнување на цените и на други основни производи“, се додава во соопштението.
Додека СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, според партијата на власт, застанаа зад профитерите и се противеа на замрзнувањето на цената на лебот.
СДСМ, потенцираат од таму, продолжува со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата.