Утрински Весник
Свет
Img 7972

Стравот од земјотреси ги принудува Турците да се селат

Стравот од земјотреси ги принудува Турците да се селат
Img 7972

По земјотресот во Турција, жителите на Истанбул почнаа да се преселуваат во провинциите Киркларели и Ердирне, за кои се смета дека се со помал ризик.

dobivaj vesti na viber

Цела Турција е во страв, особено граѓаните на Истанбул, бидејќи во нивниот град се очекува силен земјотрес. Како што пишува „Хуриет“, предложени се бројни решенија за заштита на градот во кој живеат 16 милиони луѓе од земјотреси.

Постои голем интерес за миграција во гореспоменатите соседни провинции, кои се истакнати како безбедни на мапата за земјотреси. Умит Икизлерли, претставник на агенции за недвижности, рече дека голем број купувачи од Истанбул доаѓаат за викенди. Според него, бројот на клиенти е зголемен за осум пати.

Тој посочи дека откупувачите ја сметаат локацијата за најголема предност и дека особено бараат монтажни куќички, мали куќички или камп приколки.

Претставници на компании за преселување на веб-страницата ekonomim.com објавија дека бројот на луѓе што го напуштаат Истанбул во последните 10 дена е најголем во последните 20 години.

Нагласија дека има голема побарувачка за магацини бидејќи не се транспортираат сите работи. Жителите на оваа метропола претходно не биле толку среќни да се преселат.

Дополнително, има егзодус од квартовите во Истанбул кои се изложени на висок ризик од силен земјотрес. Се очекува бројот на оние кои ќе се иселат надвор од градот да продолжи да расте, пишува „Хуриет“.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија