Утрински Весник
Македонија

Алтернативата ги вади албанските прашања на маса: Алити ги открива уцените од СДСМ и дали е можна коалиција со огнените на ДУИ

Алтернативата ги вади албанските прашања на маса: Алити ги открива уцените од СДСМ и дали е можна коалиција со огнените на ДУИ

Алтернативата излезе од Владата откога СДСМ ѝ поставил ултиматум. Адмирим Алити, разрешен министер за информатичко општество и потпретседател на Алтернативата, во интервју за „Макфакс“ првпат открива како течел процесот за излегување од Владата, но и за сопките и блокадите од коалициските партнери.

dobivaj vesti na viber

Алити за „Макфакс“ говореше и како државата е пренатрупана со директори, а има недостиг од вработени. Како течела реорганизацијата и каде заглавила поправката на ваквата состојба. Од јавноста имаше низа критики дека Алити и на улица да го видат, нема да го препознаат оти, иако е министер, не правел ништо, а тој одговори на тие прозивки.

Редот е тој да поднесе и барање за апанажа, но, наместо тоа, упати остри критики за функционерите што го користат ова право од Законот за платите.

„И да немав работно место, нема да барам апанажа. Ако некој бил функционер, а веќе не е, од наредниот ден треба да бара нова работа“, потенцира Алити.

Алтернативата на голема врата ја враќа идејата документи во Македонија да се изготвуваат само на албански јазик наместо како досега, на македонски и на албански. Алити говори и за идејата да се креира заедница на албански општини и одговара што тоа ќе значи.

Разрешениот министер за информатичко општество рече дека подготвиле стратегија како Македонија да се справи со дојавите за бомби, кои се покажуваат како лажни, па во интервјуто за „Макфакс“ одговара каде заглавило ова решение и зошто не е донесено.

За овие и многу повеќе прашања, одговара Адмирим Алити, потпретседател на Алтернативата, во интервју за „Макфакс“.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги