Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Тирон Јајага ја презеде функцијата заменик-министер за одбрана

Тирон Јајага ја презеде функцијата заменик-министер за одбрана
Img 7972

Денеска, новиот заменик-министер за одбрана, Тирон Јајага, во Министерството ја презеде функцијата од својот претходник, Башким Хасани.

dobivaj vesti na viber

Досегашниот заменик-министер Хасани на новопоставениот заменик-министер Јајага му посака успех во работата укажувајќи дека одбраната е во процес на забрзани реформи и развој и дека овој процес е од исклучително значење за развојот на Армијата, нејзината опременост и мотивираноста на армиските припадници.

Заменикот-министерот Јајага порача дека сето свое искуство и знаење ќе го стави во функција на реформите и развојот на одбраната.

Тирон Јајага е магистер по меѓународно право со меѓународни односи на Универзитетот на Кент во Брисел, разгранок на University of Kent – Canterbury, Велика Британија.

Има четиринаесетгодишно работно искуство во јавниот сектор, од кои над 10 години минати на работни позиции во Министерството за одбрана, соопштија од оваа институција.

Можете да прочитате

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење 

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира