Утрински Весник
Македонија

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Претрес во Скопје, пронајдени повеќе видови дрога

Скопското Обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наротични дроги.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството постапува по кривична пријава против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун. При претресот била пронајдена и одземена и дигитална вага со траги од марихуана и кокаин.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоци.​​

Можете да прочитате

Лимани: Нема доказ дека е водата – МВР тврди спротивно, АХВ воведе забрана!

Мицкоски на Пиво Фест во Прилеп

ДОМ: Дали при оценката на оправданоста за изградба на Национален дата центар, покрај техничките и финансиските параметри се земени предвид и еколошките стандарди