Утрински Весник
Македонија

Жан Митрев во битка со обвинителката: Поднесовме жалба за блокираните сметки

Жан Митрев во битка со обвинителката: Поднесовме жалба за блокираните сметки

Клиничката болница „Жан Митрев“ преку соопштение извести дека поднеле жалба на решението со кое судот им ги блокираше сметките. Ден пред првото рочиште од судењето на кое кардиохирургот Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама на пациенти оти хемофилтрацијата им кажале дека е лек против Ковид – 19, клиниката се пожали дека судот им ги блокирал сите сметки.

dobivaj vesti na viber

„Ние веќе поднесовме жалба на вашето решение и уште еднаш на крајот апелираме за фер судење и деблокирање на сметките со цел да се отстрани притисокот кон секојдневното работење на нашата клиника“, стои во денешното соопштение од Клиниката.

Обвинителката Искра Хаџивасилева во вторникот го охрабри кардиохирургот да даде гаранција со која ќе се обезбедат побарувањата на пациентите во постапката доколку не сака да му бидат блокирани сметките. Ден подоцна Клиниката најави дека ќе понуди имот како гаранција.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија