Џастин Бибер ги откажа преостанати концерти од својата турнеја Justice World Tour, неколку месеци откако ги одложи истите поради здравствени проблеми.
29-годишниот канадски музичар неколку пати ја одложуваше турнејата, откако минатото лето откри дека има парализа на лицето. Сè уште не е наведена причината за последното откажување, кое беше објавено на официјалниот Твитер-профил на турнејата.
Неколку од претстојните концерти на поп-ѕвездата што беа претходно наведени на „Тикетмастер“ – вклучително и попатни настапи во Калифорнија, Конектикат и Вашингтон – веќе се отстранети.
Во септември, музичарот се огласи на „Инстаграм“ и откри дека му бил дијагностициран синдромот Ремзи Хант. По консултација со лекарите, членовите на семејството и членовите на тимот, пејачот ги извести фановите дека неговото здравје е приоритет пред турнејата. „Ќе треба да се одморам од настапи и да оздравам,“ рече тој минатиот септември.