Џијанг Жонгли во текот на студирањето бил во врска на далечина со својата девојка, а единствениот контакт со неа бил телефонски.
Многу парови во светот се во слична ситуација, а токму оддалеченоста од неговата девојка го инспирирала Жонгли да развие прилично бизарна направа – силиконски усни кои им овозможуваат на паровите да имаат физички контакт иако не се еден покрај друг.
Патентот за овој гаџет, познат како Remote Kiss („Далечински бакнеж“), го поднел Институтот за мехатронска технологија во Чангжу (Changzhou Vocational Institute of Mechatronic Technology), а главен иноватор во неговиот развој бил Жонгли.
„Бев во врска на далечина со девојка на факултет, па контактиравме само по телефон. Оттаму доаѓа инспирацијата за овој уред“, изјави Жонгли.
Според Си-ен-ен, во последно време вештачките усни станаа вистински хит на кинеските социјални мрежи – на некои луѓе им се интересни, додека други се прилично зачудени и сметаат дека се страшни и вулгарни, особено имајќи го предвид фактот дека можат да ги купат и малолетници.
Имено, со цел чувството да биде што е можно пореално, вештачките усни се опремени со сензори за притисок и актуатори така што имитираат не само притисок и движење, туку и топлината на усните, а може да се пренесат и звуците што ги испуштаат корисниците.
Пред бакнежот, треба да се преземе мобилната апликација, уредот да се поврзе со телефонот преку приклучок за полнење. Потоа корисниците треба да се поврзат со партнерот во таа апликација и да започнат видео пренос, односно да почнат да се бакнуваат со силиконски усни.
Видеото од направата за бакнување стана вирално на социјалните мрежи.
Видеозаписи со овие вештачки усни се прегледани стотици милиони пати на кинеските социјални мрежи во текот на изминатата недела, но не е познато колку луѓе одлучиле да ги купат. Цената на уредот е околу 41 долар.
Remote kissing device for long-distance lovers, invented and patented by Chinese university student in Changzhou City.
The mouth-shaped module, served as an inducing area for lovers to make the kiss and then it can transfer kiss gesture to the “mouth” on the other side. pic.twitter.com/5i2ogMiUXe— China in Pictures (@tongbingxue) February 22, 2023