Утрински Весник
Спорт

Бизарен крај на тениски меч

Бизарен крај на тениски меч

Бизарен крај имаше мечот меѓу Чак-Лам Вонг и Анри Сквире на Челинџер турнирот во американскиот град Вако. Германецот Скваер реши да се повлече кога неговиот ривал имаше три меч топки.

dobivaj vesti na viber

Во второто коло од квалификациите за овој турнир, Вонг сервираше за победа при резултат 5:4 во третиот сет.

Во моментот кога тенисерот од Хонг Конг, моментално на 601. место на светот, дојде до три меч топки, Сквире го напушти теренот и седна на своето столче. 22. годишниот играч не му дозволи на противникот да одигра уште еден поен и да забележи официјална победа.

Вонг со неверување отиде до него и му ја подаде раката.

Впечаток е дека Германецот немаше сериозна повреда која би го спречила да одигра уште еден поен, поради што многу тениски фанови го критикуваа на социјалните мрежи.

Многумина се сомневаат дека мечот бил наместен. Инаку, Сквире беше фаворит на овој меч, бидејќи е подобро рангиран од противникот.

Ова е вторпат, оваа година, Сквире да предаде меч. Претходно тоа го направи и на дуелот против Евгениј Донски во Тајланд во јануари, кога загуби со 6:3, 2:0.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност