Утрински Весник
Спорт

Морант извадил пиштол и претепал тинејџер

Морант извадил пиштол и претепал тинејџер

Кошаркарот на Мемфис Џа Морант е обвинет дека, минатото лето, во рок од четири дена направил два скандали.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува „Вашингтон пост“, Морант е обвинет дека им за заканил на луѓето кои работат како обезбедување во еден трговски центар и дека претепал малолетник.

Според извештајот, Морант удрил 17. годишно момче од 12 до 13 пати за време на кошаркарски натпревар пред неговата куќата.

Момчето тврди дека со топката ненамерно го удрил Морант во лицето, на што Морант бурно реагирал и почнал да го удира.

После тоа, Морант се вратил во куќата, а потоа излегол со пиштол, што може да биде многу сериозно во целиот процес.

Засега не се знае во која фаза е истрагата, но факт е дека ова не е прв пат кошаркарот да се однесува на ваков начин.

Морент, во моментотв е најдобриот играч на Мемфис и еден од најдобрите во НБА лигата. Тој оваа сезона бележи 27,2 поени и 8,2 асистенции по натпревар, а Мемфис моментално се вторит на табелата во Западната конференција.

 

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига