Утрински Весник
Свет

Лукашенко во Пекинг: Силна Кина значи и силна Белорусија

Лукашенко во Пекинг: Силна Кина значи и силна Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој е во државна посета на Кина од 28 февруари до 2 март, на средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека неговата земја поинтензивно ќе се развива покрај силната Кина.

dobivaj vesti na viber

„Ви посакуваме успех. Тоа е нашиот прагматизам. Ако Кина е силна, и нашата Белорусија ќе се развива и ќе биде силна“, изјави Лукашенко, пренесува агенцијата „Белта“.

Лукашенко ѝ честита на кинеската страна за успешно одржаниот конгрес на Комунистичката партија на Кина и рече дека Пекинг „го следи својот пат, никого не вознемирува и не обрнува внимание на ситните поплаки“.

Претседателот на Белорусија, кој 13-ти пат е во посета на Кина како претседател, повика на уште поголема соработка меѓу двете земји во сите области.

Можете да прочитате

Шпанија се подготвува за трет топлотен бран со температури и над 45°C

Градоначалникот на Њујорк, разгледува можност за апсење на Нетанјаху

Иран: Договорот со САД повеќе не важи