Утрински Весник
Македонија

Османи упати сочувство до Дендијас и до Грција: Македонија е подготвена да обезбеди помош

Претседавачот со ОБСЕ, Османи на работни средби во Брисел со Борел, Џоана и Лајчак

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод трагичната железничка несреќа, која изминатава ноќ се случи во близина на градот Лариса, Грција, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас.

dobivaj vesti na viber

Во разговорот со министерот Дендијас, Османи изрази жалење за високата загуба од над 30 патници, како и за големиот број повредени граѓани. Османи преку министерот Дендијас упати и пораки на сочувство до семејствата и роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на повредените.

Османи го информира својот колега дека како непосреден сосед Република Северна Македонија е подготвена да ги стави своите капацитети на располагање и да обезбеди помош во справувањето со последиците на тешката железничка несреќа онаму каде што грчките власти ќе сметаат дека е потребно.

Можете да прочитате

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија

Привремен престој и лични карти за странци отсега на нова локација