Утрински Весник
Спорт

„Заработуваат 70 милиони, а не може да играат трипати неделно“

„Заработуваат 70 милиони, а не може да играат трипати неделно“

Легендарниот кошаркар Чарлс Баркли жестоко го критикува новиот тренд екипите да им даваат одмор на играчите, особено на најголемите ѕвезди во НБА-лигата. Баркли смета дека главниот комесар Адам Силвер сноси дел од вината и истакнува дека раководството на лигата отишло предалеку со олеснувањата на играчите.

dobivaj vesti na viber

„Луѓето работат во челичарници. Прилично сум сигурен дека и тие се уморни. Мислам дека навивачите не се лутат ако заработувате 30, 40, 50 милиони долари и играте секоја вечер. Но, не можете да заработувате 30, 40, 50 милиони долари и потоа да ги пропуштите натпреварите. Тоа покажува недостиг на почит кон играта и кон фановите, кои плаќаат од своите тешко заработени пари за да ве гледаат“, рече Баркли во интервјуто со Стивен А. Смит и продолжи:

„Она што е уште полудо е што по новиот договор за ТВ-правата, ќе имаме играчи кои заработуваат 70 или 80 милиони годишно! Навивачите потоа ќе речат: „Чекај малку, заработуваш 70 милиони и не можеш да играш кошарка три или четири дена во неделата? Тие имаат приватни летови, ги имаат најдобрите медицински тимови. Не е како да работиме во челичарница. Луѓето работат во челичарници и јас сум прилично сигурен дека и тие се уморни, но одат на работа секој ден“, додаде Баркли.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари