Каталонски „Спорт“, во текстот во кој пишува за чекорите што ќе ги преземе Барселона по завршувањето на сезоната, тврди дека „невозможно е Барселона да го повтори летниот преоден рок“, во кој ги доведе Роберто Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси, Андреас Кристенсен, Хектор Белерин, Маркос Алонсо и Пабло Торе.
Текстот е поттикнат од шпекулациите дека Бернанрдо Силва, играчот на Манчестер сити, има голема желба да се пресели на „Ноу Камп“.
„Барселона се уште е амбициозна, но ќе мора да размислува за продажба за да ја стабилизира финансиската состојба, а во исто време да доведе и слободни играчи, за кои не треба да се плати оштета“
„Спорт“ смета дека на Барселона и е потребен искусен играч за врска и го стави Португалецот на врвот на листата потенцијални засилувања.
„Многу играчи се понудија, а Барселона следи многу од нив, но тој што привлекува најмногу внимание е Бернардо Силва. Неговиот стил на игра одговара на Барселона, а неговото доаѓање би го зголемило квалитетот на тимот. Ситуацијата е јасна, тој сака да го напушти Сити. Сето ова е прекрасно, но има проблем со тоа што Барселона речиси и да нема простор, односно нема пари да го доведе“.
„Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Силва на 80 милиони евра, а неговиот договор со Сити истекува во јуни 2025 година.