Утрински Весник
Свет

(Видео) Мајорка окована во снег, температурите во минус

(Видео) Мајорка окована во снег, температурите во минус
Dik 300x250 mk

Кога ќе помислите на шпанскиот остров Мајорка, можеби ќе помислите на туристи кои уживаат во сончевиот ден на плажа. Сепак, овој остров денеска беше покриен со снег, јавуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Бурата „Џулиета“ во неделата го погоди островот Мајорка, носејќи со себе ретки виулици и студено време.

Градовите низ Мајорка, вклучително и Валдемоса и Лука, беа покриени со снег, а температурите паднаа на минус 2 Целзиусови степени.

Невремето ја погоди Мајорка во неделата, а шпанската метеоролошка агенција „АЕМЕТ“ предупреди дека во рок од 24 часа ќе паднат околу 40 см снег во планинскиот венец Сиера де Трамонтана на северот на островот.

Невремето ќе резултира и со морски бури со огромни бранови и интензивни ветрови.

Како резултат на тоа, „AEMET“ издаде црвено метео предупредување за северните региони на островот.

Издадено е и жолто предупредување за ветер, бидејќи се очекуваат налети до 80 километри на час.

Можете да прочитате

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз