Утрински Весник
Македонија

Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат ќе ги шутнат

Јаулески за Алијанса на Албанците: Таравари е заложник на Груби, кога нема да им требаат  ќе ги шутнат
Dik 300x250 mk

Дали вие добивте ексклузивна понуда за куќа по 500-тини евра за метар квадратен во Скопје. Добивте ли понуда да купите деловен простор на улица „Македонија“ по цена пет пати пониска од пазарната, ги праша Јован Јаулески пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница пратениците од мнозинството, посочувајќи дека овие два случаи се еклатантен пример на корупција и криминал.

dobivaj vesti na viber

„Знаете ли пратеници од Алијансата која е најуспешна туристичка агенција во државата? Туристичката агенција на Груби. Ќе ве пренесе жедни преку вода, ќе имате туристичко разгледување на владата од неколку месеци, а потоа ќе ве шутне како партал од истата, им рече Јаулески на пратениците од Алијанса“, рече тој.

Јаулески истакна дека Таравари станал заложник на Груби, како и дека со поддржување на пратениците на Алијанса на Албанците на оваа реконструкција не остваруваат никаков интерес на граѓаните.

„Вашиот Артан Таравари, човекот кој требаше да го прати Артан Груби во опозиција стана негов заложник, а вие со вашето гласање и негови соучесници. Партијата слободно може да ви се преименува Алијанса за Артан. Никаков интерес за вашите гласачи не остварувате и зошто некој би гласал за вас на наредните избори кога многу повеќе може да добие ако отиде со ДУИ“, потенцираше тој.

Според него, ова е коалиција за спас на Артан Груби а за да има вистинска борба со криминалот на институциите, потребна е дегрубизација на институциите, смета Јаулески.

Можете да прочитате

ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

Нови обилни дождови и засилен јужен ветер доаѓаат во нашата Македонија

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога, уапсени две лица