Утрински Весник
Економија

Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,256%, кај дизелот за 3,133%, кај екстра лесното масло за 3,205% и кај мазутот зголемување за 0,011%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,157%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега изнесува  41,266 ден/кг.

Од 28.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     76,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     75,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                           41,266 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.2.2023 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ