Утрински Весник
Македонија

8-годишник бил најмладиот милионер во Македонија во 2021 година

8-годишник бил најмладиот милионер во Македонија во 2021 година

Даночните пријави кои минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.

dobivaj vesti na viber

„Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице кое во 2021 година било на 8 годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милиони денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија“, рече директорката Лукаревска.

На врвот на листата со пријавен бруто годишен доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања се од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања.
Највисоката годишна бруто плата во 2021 година исплатена е кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари.

На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности компјутерско програмирање.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милиони денари на годишно ниво, доход е остварен во странство.
Граѓани од Скопје во 2021 година ја остварил и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари е исплатена на граѓанин на Велес, од исплачувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутун.

На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во десетте топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија.

Жител на Ресен со 12,6 милиони денари оставрил највисок доход од продажба на земјоделски производи.

Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот издавање на земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид на имот кој изнесува 37 милиони денари.

Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиони денари.
По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје кој остварил бруто доход од 5,5 милиони денари.
По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија кој исто така е од Скопје остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувалници во износ од 31,3 милион денари.
Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво.
Највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милион денари остварило лице од Тетово.

Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелираше граѓаните да ги потврдат и коригираат.

Можете да прочитате

Бектеши: Ние вакви настани во последните седум години речиси немавме во нашата држава

Како руските агенти влијаеја на црковните и политичките процеси во Македонија

СДСМ: МВР под ВМРО-ДПМНЕ е неспособно и без контрола врз криминалот