Филмот „Сè во исто време“ (Everything Everywhere All Once), кој се занимава со идејата за паралелни реалности, синоќа ја освои главната филмска награда на САГ зацврстувајќи го својот статус како водечки кандидат за престижната награда за најдобар филм на „Оскарите“ следниот месец.
Овие награди ги ја доделува професионалното здружение на филмски актери – „Скрин акторс гилд аворд“ или САГ за најдобри остварувања во изминатата година.
Филмот за кинеско-американска сопственичка на пералница, која се бори со плаќање даноци среде семејни превирања, во последните неколку недели освои куп трофеи на холивудските наградни церемонии во пресрет на „Оскарите“ на 12 март.
Актерската екипа на Everything Everywhere беше прогласена за најдобар филмски тим од страна на членовите на актерското здружение САГ-АФТРА. Филмските награди на САГ внимателно се следат бидејќи актерите ја сочинуваат најголемата група гласачи за „Оскар“.
Овој филм – акција, авантура, комедија – исто така заработи награда во категоријата најдобра актерка во главна улога – Мишел Јео, која ја толкува сопственичката на пералницата (Евелин Ванг), како и во категоријата мајдобри актери/актерки во споредна улога – Ке Хју Куан и Џејми Ли Кертис.
Преплавена од емоции, Јео зборуваше низ солзи додека го прифаќаше својот трофеј.
„Ова не е само за мене. Ова е за секое девојче што личи на мене“, рече Јео додека ја примаше наградата. „Ви благодарам што ми дадовте место на масата“.
Куан, кој имаше истакната улога како дете ѕвезда во „Индијана Џонс“ од 1984 година, но подоцна се откажа од глумата, рече дека тој е првиот Азиец што победил во категоријата.
Наградата за најдобар актер му припадна на Брендан Фрејзер за неговиот портрет на повлечен маж со прекумерна тежина, кој се обидува повторно да се поврзе со својата ќерка во филмот „Кит“.
Сали Филд доби награда за животно дело за актерска кариера, која ја почна пред речиси 60 години.