Утрински Весник
Економија

Бектеши: Ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде повисока од 33 денари

Владата им ја укинува субвенцијата за струја на пекарниците оти не ги намалија цените и се заканија со поскапување на лебот

Цената на лебот ќе се замрзне и нема да биде повисока од 33 денари, изјави на денеска Министерот за економија, Крешник Бектеши.

dobivaj vesti na viber

,,Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да изнесува над 33 денари, и за белиот и за полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите чии цени ќе бидат замрзнати. Ќе следат и нови одлуки, а се прават анализи и за цените на тестенините”, рече Бектеши.

Цените нема да се зголемат, освен во случај ако растат цените на суровините, тогаш би можело да има нагло покачување, додаде Бектеши.

Можете да прочитате

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни

ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка од два на 2,25 отсто, првпат од 2023 година

ДЗР: Социјална помош се исплаќала и на лица на кои не им следувала