Утрински Весник
Свет

Бајден повторно ќе се кандидира за претседател

Бајден повторно ќе се кандидира за претседател

Џо Бајден, најстариот службен претседател на Америка, потврди дека ќе се кандидира за втор мандат на претседателските избори во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

„Имав намера… од самиот почеток да се кандидирам“, рече 80-годишниот демократ во интервју за Еј-Би-Си Њуз.

Неговата сопруга Џил Бајден претходно во петокот за агенцијата Асошиетед прес потврди дека сега е потребно само да се одреди датумот и местото каде актуелниот претседател ќе го објави својот влез во изборната кампања.

Запрашан да ги коментира нејзините зборови, Бајден само накратко рече дека не брза.

„Има и други краткорочни работи што треба да ги завршиме пред да ја започнеме кампањата“, рече тој.

Тој одговори дека неговата возраст не влијае на одлуката дали ќе се кандидира или не, но го разбира испрашувањето.

„Легитимно е луѓето да поставуваат прашање поради мојата возраст. Тоа е сосема легитимно“.

„Сè што можам да кажам е – следете што правам“, додаде американскиот претседател, веројатно мислејќи на она што е постигнато во првите две години од неговиот мандат.

Доколку биде реизбран, Џо Бајден ќе го заврши својот втор мандат на 86-годишна возраст.

Резултатите од редовниот систематски лекарски преглед на кој му беше подложен минатата недела покажаа дека е „силен“ и „способен“ да ги извршува должностите претседател,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење