Утрински Весник
Економија

„Хјундаи“ продава удел во фабрика во САД по скандалот со вработувања на деца

„Хјундаи“ продава удел во фабрика во САД по скандалот со вработувања на деца

Јужнокорејскиот производител на автомобили „Хјундаи Мотор“ ги информираше акционерите дека ќе продаде контролен пакет во фабриката за автоделови во американската сојузна држава Алабама поради вработување деца.

dobivaj vesti na viber

Истрагата на „Ројтерс“ откри дека деца работат во погоните во американската сојузна држава Алабама, изложувајќи се на бројни опасности.

Некои од нив имаат само 12 години, откри „Ројтерс“. И американските федерални закони и законите на Алабама ја ограничуваат работата во фабриките на лица помлади од 16 години. На работниците помлади од 18 години им е забрането да работат на повеќето работни места, вклучувајќи преси за метал, машини за сечење и вилушкари со голема брзина.

Во август, властите извршија инспекција во добавувачот на „Хјундаи Сл Алабама“ и открија детски труд и во неговите капацитети. Регулаторите ја казниле компанијата и агенцијата за вработување.

Во декември, „Ројтерс“ првпат објави дека деца работат во повеќе фабрики за автомобили во корејска сопственост низ Алабама, откривајќи дека државните и федералните власти истражуваат дури десет погони во државата што ги снабдуваат „Хјундаи“ и „Киа“.

Властите, исто така, истражуваат дали малолетните работници во синџирот на снабдување на „Хјундаи“ во Алабама можеби биле тргувани како детски труд, според двајца официјални лица запознаени со ова прашање.

„Хјундаи“ соопшти дека презела акција веднаш штом дознала за прекршувањата минатата година. Компанијата ангажираше независна адвокатска канцеларија која од август минатата година анализираше документи и ја проверуваше состојбата на погоните.

Во писмо до акционерите, извршниот директор на „Хјундаи“, Џехун Чанг, наведува дека ревизијата на 29 директни добавувачи низ Алабама потврдила дека тие „сега целосно се усогласени со законите за детскиот труд“.

Сепак, компанијата одлучи да го продаде својот мнозински удел во „Смарт Алабама ЛЛЦ“. Според финансискиот извештај, „Хјундаи“ контролирал 72 отсто од акциите во Смарт минатата година.

Можете да прочитате

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Седница на Советот на Народната банка: Централната банка дава значаен придонес во евроинтегративните процеси на земјата

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија