Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Митева: Наместо да дава награди, Ковачевски да побара оставка од директорот на ФЗОМ

(Видео) Митева: Наместо да дава награди, Ковачевски да побара оставка од директорот на ФЗОМ
300x250 opst2

„Ковачевски наместо да дели награди, да побара оставка од директорот на ФЗОМ, Фатон Ахмети, кој користеше одмор и беше во партиска посета во САД додека институцијата со која раководи имаше крахиран систем и владееше неизвесност дали податоците на осигурениците воопшто ќе можат да бидат вратени. Скандалозно е што државна институција, како ФЗОМ, која ги има здравствените податоци за сите граѓани на државата нема бекап меморија, и се е ставено на еден систем, иако државата има ИКТ центар во Прилеп, каде фондот можел да ги зачува своите податоци“ рече денеска на прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Таа напомена дека „немањето бекап на податоците на ФЗОМ е неверојатно коцкање со животите на граѓаните, кое може да го прави само СДС и ДУИ. Со немање бекап се става на ризик цел систем, кој може наеднаш да крахира целосно и да предизвика долгорочен застој“.

„Доколку односот со податоците на осигурениците беше за степен попрофесионален, воопшто немаше да има паника изминативе денови, осигурениците ќе можеа редовно да пристапат кон податоците и информациите кои им се потребни, а лекарите ќе можеа навреме да земат плата. Тоа што системот нема бекап е вина пред се на директорот на ФЗОМ, кој е платен со народни пари за да менаџира со институцијата. Директорот Фатом Ахмети покажа дека воопшто не му е грижа за ФЗОМ и затоа наместо веднаш да се врати во Македонија и да работи на санирање на штетата која е настаната и поради неговата неспособност, тој кусо ја информираше јавноста дека како кадар на ДУИ е во партиска посета на школа за лична надградба. Што значи не го пратила државата, ниту институцијата, таму е по сопствен избор, и за тоа користи годишен одмор“ рече Митева.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ