Утрински Весник
Македонија

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната година 2022/2023 година

ДУИ: Годинава повторно ги зголемуваме минималната плата и пензиите

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната 2022/2023 година.

dobivaj vesti na viber

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

· за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,

· за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,

· за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и

· за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од по 2.211 денари на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.158 денари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди, утврдени со овој закон.

Грижата за сите граѓани е наш приоритет!

Можете да прочитате

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум

Кондарко: Потребен ни е нов Изборен законик, независните кандидати ќе можат да учествуваат на избори без собирање на потписи

Ќе се препополови бројот на патувања, нема веќе работа на црно во ЕУ – ќе се бројат и кафињата во Солун