Утрински Весник
Магазин

Шведска фаворит на обложувалниците за победа на Евросонг 2023

Шведска фаворит на обложувалниците за победа на Евросонг 2023

Откако неколку месеци по ред го држеше првото место во обложувалниците за победник на Евровизија, Украина сега на врвот е заменета од Шведска, која стана нов фаворит за освојување на трофејот во мај.

dobivaj vesti na viber

Она што е интересно е фактот што Шведска сè уште нема избрано песна за Евровизија, но синоќа конечно во јавноста беше објавен едноминутен исечок од песната Tattoo, која на претстојниот национален избор ќе ја отпее Лорин, победничка на Евросонг 2012.

 

На денот кога Лорин за прв пат ја вежбаше песната за „Мелодифестивален“, Шведска ја престигна Украина како земја со најголема веројатност да победи на 67. избор за песна на Евровизија.

Лорин е голем фаворит за победа на шведскиот натпревар, чие финале е закажано за 11 март. Но, интересно е и тоа што Лорин сè уште не е во финалето на тоа натпреварување. Имено, задачата пред неа е да се пласира од полуфиналето во големото финале овој викенд, но се чини дека обложувалниците воопшто не се сомневаат во нејзиниот успех и дека веќе ја гледаат на евровизиската сцена.

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме