Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Капитулација на Мицкоски, нема избори-има зголемено парламентарно мнозинство

Мицкоски: За 5 години владата на СДСM го зголеми јавниот долг за 2,916 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ може да прогласи капиталуција на Христијан Мицкоски на тема предвремени избори. Со гласање на 65 пратеници во Собранието се потврди зајакнато и зголемено парламентарно мнозинство на СДСМ и коалицијата. Пропаднаа сите лажни изјави на Христијан Мицкоски дека ќе има ново мнозинство, дека собранието ќе се распушти, дека владата само што не паднала, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека се покажа дека единствената тема за предвремени избори и зголемено парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ на која Христијан Мицкоски ја базираше својата политика во изминатите 2,5 години е всушност само борба за фотелја и ништо друго.

Сите блокади што ги правеше ВМРО – ДПМНЕ во собранието време на светска економска и енергетска криза, во време на пандемијата, хистеријата за наводна асимилација и бугаризација имаа за цел создавање тензии, дестабилизација, во желбата за власт, пари и тендери.

Блокадите и одолговлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ, ја покажува деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ, која е во целосно заложништво на Леница.

Од СДСМ велат дека за нерзаумното одолговлекување на собраниските седници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, секој ден, среде криза, се трошат по 55.000 евра, пари на граѓаните.

Зголемено мнозинство обезбедува политичка стабилност, зголемена ефикасност на Собранието и побрзо носење на законите.

Тоа ќе придонесе за забрзана реализација на реформите во економијата, во судството и на патот на интеграцијата на државата во ЕУ, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт