Утрински Весник
Свет

Захарова: Бајден не се осмели да го посети Киев без да побара од Русија да ја осигура неговата безбедност

Захарова: Бајден не се осмели да го посети Киев без да побара од Русија да ја осигура неговата безбедност

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите зборуваше за посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Киев.

dobivaj vesti na viber

„Бајден не се осмели да го посети Киев без да ја предупреди Русија и да побара од Русија да ја осигура неговата безбедност“, рече Захарова, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.

Захарова рече дека посетата на Бајден на Украина е „драматично инсценирана“. „Во реалноста, посетата на Бајден на Киев наликуваше на лоша претстава во провинциски театар“, коментира таа.

„За да се засили драмата, тие дури и алармираат за воздушен напад, иако на жителите на Киев однапред им беше кажано да не обрнуваат внимание на тоа бидејќи нема реална закана. Доколку Вашингтон сака да им даде друг пример на своите сојузници за да го поддржaт режимот во Киев, тогаш не испадна премногу добро“, рече Захарова, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Петмина повредени на шестата трка со бикови во Памплона

Во Москва регистрирани 34,6 степени, надминат рекорд од 1903 година

Шведска ќе изнајмува ќелии од Естонија поради пренатрупаност на своите затвори