Утрински Весник
Спорт

Мекиќ: И во Левице можеме да го репризираме триумфот против Словачка

Мекиќ: И во Левице можеме да го репризираме триумфот против Словачка

Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) во Левице, Словачка, игра важен дуел од претквалификациите за Евробаскет 2023.

dobivaj vesti na viber

Адем Мекиќ верува во победа, под услов нашите кошаркари да се задржат до планот на игра поставен од селекторот Александар Јончевски. На првиот меч во Скопје, Македонија славеше против Словачка со 79:75.

„Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза“, вели крилниот играч пред дуелот во Левице.

Македонија досега е перфектна во групата Д, има четири победи на четири средби, а три дена подоцна ќе игра и против Норвешка.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина