Утрински Весник
Македонија

(Видео) Зовре атмосферата: Џафери се изнервира, Јанушев му се врати на пултот, Мицевски ги делеше

(Видео) Зовре атмосферата: Џафери се изнервира, Јанушев му се врати на пултот, Мицевски ги делеше

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница му читаше на премиерот Димитар Ковачевски вести кои се најактуелни во медиумите, меѓу кои беше и веста дека синот на собранискиот спикер Талат Џафери без правосуден се запишал на Академијата за обвинители. На ова реагираше Џафери, по што дојде до караница, високи тонови, меѓусебни навреди.

dobivaj vesti na viber

„ Игор Јанушев, на синот на Талат Џафери не можеш да му дојдеш ни до малиот прст. Прво до малиот прст не можеш да дојдеш. Слушај сега, на синот на Талат Џафери ни ти ни многу од вас тука не можете да му дојдете до малиот прст. Второ, синот на Талат Џафери не се шета по судници. Синот на Талат Џафери не можеш да го видиш дрогириан“, рече Џафери.

На говорницата се врати Јанушев кој му рече: „Вести читав! Ако имаш нешто да ми кажеш излези да реплицираш“, а Џафери му врати: „Оди таму, не ми читај мене оди таму“.

„Ти нема да ми кажеш кај ќе идaм“, рече Јанушев, па Џафери пак му врати: „Оди си од тука“. На ова Јанушев му рече: „Не си дома, јави ми се на реплика па кажи…“. Џафери пак му возврати: „Ти ако имаш проблем со судница, со мојот син немаш. Ако имаш работа со мојот син излези со него да се видиш“.

Препукувањето продолжи со меѓусебно обвинување на кого треба да му е срам.

„Како не ти е срам“, рече Јанушев, а Џафери му постави контра прашање: „Како тебе не ти е срам“.

Координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ излезе за да го тргне Јанушев од говорницата.

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче