Утрински Весник
Македонија

Снаи, синови, ќерки и сопруги на политичари, судии и обвинтели положија за да гонат и судат криминал

Снаи, синови, ќерки и сопруги на политичари, судии и обвинтели положија за да гонат и судат криминал

Скоро 18 проценти од положените кандидати кои се идни судии и обвинители, се синови, ќерки, снаи и сопруги на актуелни политичари, сегашни и поранешни судии и обвинители. Ова го покажува јавнообјавената ранг листа на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“. Од 58 кандидати, само еден го нема положено завршниот испит. Меѓу листата има и многу звучни имиња.

dobivaj vesti na viber

Па така, од политичкиот свет иден судија или обвинител ќе биде Барлет Џафери, син на Талат Џафери – претседател на Собранието. И Билјана Иванова, снаа на Цветанка Иванова, која е собраниска генерална секретарка котира високо на ранг листата и ќе извршува функција во правосудниот систем. Во оваа листа го има и името на Симона Муцунски Бубевска, сопруга на Тимчо Муцунски – градоначалник на Аеродром.

Најбројни успешни слушатели на Академијата кои ќе делат правда се ќерките, синовите и сопругите на сегашни и поранешни обвинители. Највпечатливо е името на Албулена Абази, сопруга на Ислам Абази – новоизбраниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција, кој се повлече од Управниот одбор на Академијата за да не фрла дамка врз кариерата на идната судијка или обвинителка. И Биљана Смаќоска, ќерка на Гордана Смаќоска – пензионирана обвинителка која гонеше организиран криминал, успешно го поминала испитот. Иван Колевски, син на Ацо Колески – експретседател на Совет на јавни обвинители, положил и котира ависоко на листата. Малку послаб во знаење бил Драган Јосифовски, син на Елизабета Јосифовска – ексобвинителка во СЈО, сега во Обвинителството за гонење организиран криминал, но и тој е иден судија или обвинител.

И судиите ќе имаат свои наследници во правосудниот систем. Па така, Кирил Георгиев, син на судијата Наќе Георгиев –  судија во Врховен суд, исто така успешно завршил на Академијата. По него, се впишува и Зоран Здравев, син на Киро Здравев – експретседател на Судскиот совет, кој ќе треба да гони или суди кривични дела. Последен во низата е Илир Јакупи, син на Субхи Јакупи – ексчлен на ДИК и актуелен судија во Вишиот управен суд.

Ова се само дел од имињата на слушателите за кои знае јавноста, а во изминатите години се врзуваа со судии, обвинители, политичари. Имаше и бурни реакции, но и јавни обвинувања за влијание врз оценувачите, со цел, одредени кандидати да бидат положени кандидати на Академијата.

Можете да прочитате

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 година

Пронајден исчезнатиот струмичанец – 24info.mk

Нема ниту еден македонски универзитет на Шангајската листа