Утрински Весник
Свет

(Видео) Сѐ се тресе, кучиња бегаат, луѓе се кријат – паника по новиот земјотрес во Турција, се објавуваат вознемирувачки снимки

(Видео) Сѐ се тресе, кучиња бегаат, луѓе се кријат – паника по новиот земјотрес во Турција, се објавуваат вознемирувачки снимки

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од два километри, денеска околу 18 часот ја погоди областа долж границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југозападно од Антакија, на длабочина од 10 километри. ЕМСЦ известува дека земјотресот бил почувствуван во Турција, Либан, Сирија, Кипар и Израел.

Како што јави репортерот на АФП од местото на настанот, земјотресот предизвика паника кај жителите кои веќе поминаа хорор по првиот земјотрес.

Медиуми јавуваа дека слушнало како ѕидовите на оштетените згради се уриваат и некои повредени лица повикуваат на помош, пренесува Нет.хр.

Веднаш по земјотресот на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат вознемирувачки видеа кои покажуваат колку се моќни овие нови земјотреси.

Бројките објавени од АФАД покажуваат дека повеќе од 6.000 потреси се регистрирани по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција и делови од Сирија, при што загинаа повеќе од 6.000 луѓе.

Можете да прочитате

Зеленски го одби предлогот на Путин за повлекување од Донбас, и покрај поддршката од Трамп

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска