Утрински Весник
Македонија

„Вие плачете, а тие по десет месеци ќе квичат“, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ предвидуваше што ќе биде со Алијансата на Таравари

Алијанса за Албанците: Дефиниравме пет приоритети поделени во 22 конкретни заложби

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница порача дека непотизмот е на секој чекор, а борба со корупција не може да има доколку судии и јавни обвинители бидат ќерки синови и снаи на функционери од ДУИ. Петар Ристески пак им порача на Алтернатива чии министри се разрешуваат, дека додека тие плачат, за десет месеци, Алијанса за Албанците на Арбен Таравари ќе квичат.

dobivaj vesti na viber

„Непотизам на секој чекор. Се возат со флешери и големи автомобили. Одат по луксузни патувања, си ги вработија ќерките, синовите, внуците. Замислете, само што излезе ранг листа, според која, наредни судии и јавни обвинители ќе бидат токму тие ќерки и синови на функционери од ДУИ кои што полагале правосуден без да имаат завршено Правен факултет. Толку од борбата со корупцијата, толку од борбата за правна држава и лажгите со опашки кои ги кажуваат пред склучување на било која коалиција“, рече Панева.

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше на Хусни Исмаили од Алтернатива, партија чии министри се разрешуваат. Ристески му рече на Исмаили: „Вие плачете, а тие по десет месеци ќе квичат“.

„Сите некако кога одите на власт тргнати сте по некоја Европа. Исто и Кастриот беше со срцето во Европа, сега не е појавен, никаде го нема со месеци. Овие од Алијанса кои трчаат во Европа, а купиле куќи по евтини цени на Бриселска, ниту на Бриселска ќе си ја најдат куќата, па толку ќе им се стемни, ни во Тетово нема да го најдат штабот“, кажа Ристески.

На седницата има уште точки за разгледување и работа, а Собранието прекина со работа на два часа пред полноќ.

„Ги поминавме сите 35 реплики, има уште 39 говорници. Можеби пополека, но брзо ќе стигнеме до крајот и гласањето. Тука ја прекинувам седницата, за продолжението ќе бидете дополнително информирани“, посочи Горан Мисовски, кој е собраниски потпретседател

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги