Утрински Весник
Магазин

Згасна романсата меѓу Џиџи Хадид и Ди Каприо

Згасна романсата меѓу Џиџи Хадид и Ди Каприо

Една од најбараните модели на денешницата, Џиџи Хадид, минатата година беше во врска со холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, но тие повеќе не се заедно.

dobivaj vesti na viber

Извор близок до моделот изјави за „Пипл“: „Џиџи не се гледа со него веќе некое време. Едноставно, одлучи да стави крај“.

„Тие не се на исти места во животот. Таа има приоритет да стане мајка“.

Романсата на Џиџи (27) и Леонардо (48) привлече интерес кај таблоидите. Но, според инсајдерот, нивната врска никогаш не била сериозна.

„Едноставно, се угаси“, додаде изворот.

Леонардо и Џиџи, која има двегодишна ќерка со пејачот Зејн Малик, последен пат беа видени заедно во ноември во ресторан во Њујорк.

Во меѓувреме, претходно овој месец, Џиџи откри дека самоизолацијата во екот на пандемијата ѝ го променил текот на нејзината кариера.

Русокосата убавица, која е една од најбараните манекенки во светот, објасни дека седењето дома и раѓањето на ќерката ја принудиле да го преиспита својот животен стил.

Можете да прочитате

Февруари носи пари за три хороскопски знаци: кој ќе почувствува напредок?

Здрав десерт без грижа: мафини без брашно и рафиниран шеќер

Трик што го спасува собраниот волнен џемпер – потребен ви е само регенератор за коса