Утрински Весник
Магазин

Какви лажни имиња користат познатите личности кога резервираат хотел

Какви лажни имиња користат познатите личности кога резервираат хотел

Замислете го ова: хотел добива повик да резервира соба или цел кат под името на славна личност. Се создава големо лудило, медиумите дознаваат и сите ја резервираат соседната соба, претворајќи го местото во хаос. За да го избегнат ова, познатите личности користат лажни имиња.

dobivaj vesti na viber

Американски таблоиди пишуваат за необичните псевдоними на ѕвездите, некои се смешни или неочекувани. Многу од нив протекоа за време на хакерскиот напад врз „Сони“ во 2014 година, а деновиве таблодите повторно потсетија на нив.

Кевин Костнер – телохранителот

Се чини дека Кевин Костнер не може да ја заборави својата култна улога како телохранител на Витни Хјустон  во филмот The Bodyguard. Затоа, сака да го користи името на неговиот лик: Френк Фармер.

Ким Кардашијан – принцеза

Претприемачката и реалити ТВ ѕвезда обично ја користи принцезата Јасмин како нејзино име кога патува.

Том Хенкс има две лажни имиња
Оскаровецот има два различни прекари: Хари Лаудер и Џони Мадрид.

Бијонсе е Ингрид
Поп-кралицата го користи името Ингрид Џексон за да остане незабележана кога резервира хотел.

Џад Ло или г. Пери
Едноставно. Британскиот актер патува под името г. Пери.

Џорџ Клуни користи име на друга славна личност
Најитересен е начинот на кој Џорџ Клуни останува прикриен со користење на името на Арнолд Шварценегер. Со ова уште еднаш ја покажува добрата смисла за хумор.

Псевдонимот на Џенифер Анистон е еден од ликовите на Анџелина Џоли
Болно оригинален, псевдонимот на Џенифер Анистон е Г-ѓа Смит, ликот кој Анџелина Џоли го глумеше кога Бред Пит се заљуби во неа и се разведе од Анистон. Таблоидите признаваат дека смислата за хумор на Анистон е и уникатна и извртена.

Иницијали на Бред Пит
Брајс Пилаф е измисленото име кое актерот го користи за да патува низ светот. Иако двете први букви се совпаѓаат, никогаш не би погодиле кој стои зад алијасот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста