Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шкријељ кон пратениците од опозицијата: За да бидете патриоти, првин престанете да бидете кукавици

(Видео) Шкријељ кон пратениците од опозицијата: За да бидете патриоти, првин престанете да бидете кукавици

Патриотизмот за кој на големо зборувате не е носење маички, ниту говор на омраза и сексизмот и шовинизмот што го ширите, им порача пратеничката Санела Шкријељ на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната собраниска седница.

dobivaj vesti na viber

„Патриотизам, за мене, е по цела деценија заборавање, научни установи и институти да добијат средства за финансирање, меѓу кои се и Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор и Институтот за словенска култура. Патриотизам, за мене, е првпат во независноста да се воведат стипендии за студенти што студираат македонски јазик, патриотизам, за мене, е по препорака на Советот за македонски јазик, Владата во 2019 година да донесе конечна одлука – 5 мај да биде празник на македонската азбука и македонскиот јазик. Но, драги колеги и колешки, за да бидете патриоти, најпрвин треба да престанете да бидете кукавици“, порача Шкријељ.

Можете да прочитате

Арсовска по наводите дека го истепала „командант Барути“: Од Рашче не извира толку вода колку што вие сте способни да украдете

ПОПЛАДНЕ ДОАЃА НЕВРЕМЕ: Преку ден ќе биде изгор жешко

Денес се празнува Преподобен Атанасиј Атонски