Утрински Весник
Магазин

Мајкл Даглас не може да го тргне погледот од сопругата

Мајкл Даглас не може да го тргне погледот од сопругата

Мајкл Даглс и Кетрин Зета Џонс беа облечени за да импресионираат на премиерата на „Човек мравка“ (Ant-Man And The Wasp: Quantumania) во Лондон во четвртокот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Гламурозната актерка (53) ги воодушеви присутните во прекрасен фустан во пастелно сина боја кога се појави да го поддржи својот сопруг (78) за неговиот најнов филм, а Мајкл не можеше да го тргне погледот од неа.

Фустанот на Кетрин е долг до подот, со длабоко деколте и набран струк.

Таблоидите го пофалија раскошниот моден избор на Кетрин, која му се придружи на сопругот за лондонската премиера на најновиот филм за Ентмен објавувајќи низа фотографии од двајцата на насловните страници.

Мајкл и Кетрин, кои се во брак 22 години и имаат две деца, Керис (18) и Дилан (20), заедно одеа по виолетовиот тепих рака под рака.

Можете да прочитате

Чудотворен е каменот во манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора

ТИЕ СЕ НАЈДОБРИ ТАТКОВЦИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Астролозите велат дека имаат посебни квалитети

Апел за помош: На малиот Теодор му е потребен специјализиран третман со матични клетки, потребни се 13.750 евра