Утрински Весник
Спорт

Шифрин прв пат стана светска шампионка во велеслалом

Шифрин прв пат стана светска шампионка во велеслалом

Микаела Шифрин прв пат во кариерата, на едно Светско првенство, освои златен медал во велеслалом. Американката која во кариерата успеа да урне многу рекорди, во Мерибел го освои единственото злато кое го немаше во својата колекција.

dobivaj vesti na viber

Американката беше прва по првата трка. Во втората имаше многу проблеми, во еден момент едвај остана на патеката, но сепак успеа да ја мине целта како прва со 12 стотинки пред Федрика Брињоне.

Шифрин има вкупно 13 медали од Светските првенства. Сега има седум злата и по три сребра и бронзи.

По златото во комбинација, Брињоне стигна до среброто во велеслалом. На најниското скалило на подиумот се искачи Норвежанката Рагхилд Мовинкел кој заостана 22 стотинки зад Шифрин и 10 зад Брињоне.

Лара Гут Бехрами заврши на четвртото место со заостанување од 31 стотинка, додека Марта Басино беше петта.

Во женска конкуренција на Светското првенство останува да се одржи уште трката во слалом. Таа на програмата е во сабота на 18. февруари. Шифрин во кариерата четири пати била светска првенка во слалом.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила