Утрински Весник
Магазин

Снимањето на Rust ќе продолжи со Алек Болдвин во главната улога

Снимањето на Rust ќе продолжи со Алек Болдвин во главната улога

Снимањето на вестернот Rust ќе продолжи оваа пролет, а Алек Болдвин, кој воедно е и продуцент, останува во главната улога, објавија американски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Веста доаѓа откако Болдвин беше обвинет по две точки од обвинението за убиство од небрежност, во рамки на истрагата за фаталниот инцидент во Ново Мексико, во кој снимателката Халина Хачинс го загуби животот.

На филмот ќе работат нови и стари членови на екипата. Бјанка Клајн ќе ја пополни покојната Хачинс.

Нејзиниот вдовец Метју, исто така, одобрил документарен филм за неа, велат продуцентите.

„Документарецот – снимен по налог на извршниот продуцент господин Хачинс и со негов благослов и поддршка – ќе го истражи животот на госпоѓа Хачинс и нејзината завршна работа, вклучувајќи го и крајот на филмот“, истакнаа продуцентите.

Болдвин вежбал сцена кога испукал куршум, кој ја усмрти 42-годишната Украинка на ранч во близина на Санте Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Можете да прочитате

Експеримент со ембриони од глувци во вселената отвора нови прашања за развој на живот надвор од Земјата

Тејлор Свифт е најбогатата музичарка во историјата

По гребените на Шар планина и Кораб: Македонија има нова планинарска трансверзала број еден на Балканот