Утрински Весник
Свет

Спасена 17-годишна девојка во Турција по 248 часа под урнатините

Спасена 17-годишна девојка во Турција по 248 часа под урнатините

Алејна Олмез (17) е спасена од урнатините во Турција, 248 часа по земјотресот што ги погоди јужна Турција и Сирија, јавува агенцијата Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

Екипите додека ги пребаруваа урнатините слушнаа глас. После тоа, 17-годишната Алејна била спасена и пренесена во болница.

Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините.

Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија 11 провинции, уништени илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе.

Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 членови на тимови за пребарување и спасување.

 

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием