Ријана за првпат официјално го покажа деветмесечниот син со раперот Асап Роки и фановите се воодушевени.
Поп-дивата и нејзиното семејство ја красат насловната страница на мартовското издание на британскиот „Вог“, а во интервјуто таа говори за одлуката да настапи на полувремето на „Супербоул“ по долгиот бојкот, мајчинството и новата музика.
На корицата на модната библија, 35-годишната пејачка се држи за рака со раперот, кој го носи нивниот син в раце, бакнувајќи го во образ. Ова е првпат Ријана да сподели фотографии од својот син, кој го роди во мај 2022 година.
Моето совршено бебе!!! напиша суперѕвездата покрај фотографијата што ја сподели на својот „Инстаграм“, на која се гледа момчето – чие име таа и раперот сè уште не го споделиле јавно – се насмевнува на камерата додека лежи на грб со неговите мали стапала во рацете. Воодушевените фанови коментираа дека изгледаат како совршено семејство.
„Не се сеќаваш на животот претходно, тоа е нешто најлудо,“ изјави Ријана во едно интервју. Пејачката до сега одбиваше јавно да го покаже синот, но во декември минатата година на својот профил на „Тик-ток“ сподели кусо видео со бебето. Видеото собра седум милиони лајкови.
По настапот на „Супербоул“, Ријана објави дека оваа година очекува уште едно дете со раперот, а исто така рече дека планира да издаде албум оваа година.