Утрински Весник
Македонија

Еден ден ги дели ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ од одлуката на Стразбур за аболициите на Иванов

Еден ден ги дели ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ од одлуката на Стразбур за аболициите на Иванов

Судот за човекови права во Стразбур утре во точно 10 часот ќе ја соопшти одлуката за тоа дали важат аболициите на експретседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, дознава „Макфакс“ од извори во правосудните органи.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ќе биде јавна, објавена на сајтот на ЕСЧП. Со ова, по шест години, ќе се затвори прашањето дали обвинетите во четири случаи на СЈО можат да одговараат кривично за дела со кои се опфатени во предметите, а дел и осудени.

Жалбата до Стразбур е поднесена во 2017 година, а во која се посочува дека еднаш дадена аболиција не може да биде отповикана.

Доколку на 16 февруари, Стразбур каже дека оваа теза е точна – осудените ќе треба да бидат ослободени. Во спротивно, ако Стразбур одлучи дека аболициите можат да бидат отповикани, тогаш сите обвинети ќе подлежат на кривична одговорност.

Во жалбата се опфатени случаите предметот за масовното прислушување и унишувањето на опремата „Таргет-тврдина“, предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, предметот за злоупотреба при организирање на превоз на ученици во Битола „Транспортер“, како и предметот за уривањето на објектот „Космос“ наречен „ТНТ“.

Но, не се опфатени сите обвинети лица, туку само дел.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје