Премиерлигата потврди дека судијата Ли Мејсон веќе нема да биде на ВАР-должност во следните кола по неговата голема грешка при 1:1 ремито на Арсенал и Брентфорд.
Мејсон беше одговорен за техничката поддршка при мечот на „Емирати“, кога го дозволи контроверзниот гол за израмнување на Ајван Тоуни и покрај тоа што снимките покажуваа дека Кристијан Норгард беше во офсајд пред асистенцијата за гол. По ова се тврдеше дека тој „заборавил“ да ги нацрта линиите за офсајд.
Ова не е првпат Мејсон да биде повлечен од судиската шема, откако во септември 2022 беше повлечен од позицијата главен судија откако поништи гол за Њукасл при 0:0 ремито со Кристал палас.