Утрински Весник
Спорт

„УЕФА е одговорна за инцидентот во финалето на Лигата на шампионите“

„УЕФА е одговорна за инцидентот во финалето на Лигата на шампионите“

Европската фудбалска унија (УЕФА), организатор на финалето на Лигата на шампионите, ја сноси „примарната одговорност“ за сериозните инциденти „кои за малку ќе доведоа до катастрофа“, заклучи независната комисија ангажирана од УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Во мај минатата година, во Париз, за европската титула играа Реал Мадрид и Ливерпул.

Инцидентите се случија кога навивачите на Ливерпул без билети и со фалсификувани билети се обидеа да влезат на стадионот за да го проследат натпреварот на нивниот тим против Реал Мадрид.

„Комисијата заклучи дека УЕФА, како организатор на настанот, ја сноси примарна одговорност за неуспесите што речиси доведоа до катастрофа“, се вели во соопштението до кое дојде АФП.

Француската полиција употреби сила и солзавец за да се пресмета со навивачите на Ливерпул.

Комисијата додаде дека покрај неуспесите на Француската фудбалска федерација и париската полиција, УЕФА сноси примарна одговорност бидејќи имала централна улога во организацијата.

Комисијата констатирала и дека реакцијата на полицијата била претерана и дека голем дел од навивачите на Ливерпул не биле свесни дека купиле фалсификувани билети.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен

АО: Тиен со совлада Медведев за прво грен слем четвртфинале

Историска трка на 5.000 метри во брзо лизгање, новиот светски рекорд под шест минути